ПОЧЕТНА ЕВРОПА Презимето Обрадовиќ сезонава губи на сите фронтови

Презимето Обрадовиќ сезонава губи на сите фронтови

сподели
twitter

Екипата на Монако загуби во финалето на француското првенство со 3:2, во мајсторката беше совладана со 66:55 од Асвел Вилербан.

Претходно, клубот на Тони Паркер, предводен од тренерот Звездан Митровиќ, го освои пехарот и во Купот на оваа земја.

Асвел водеше со 2:0, Монако на Саша Обрадовиќ се врати, но не успеа да го сопре тимот на НБА ѕвездата, по три сезони да се искачи на врвот на кошаркарска Франција.