ПОЧЕТНА СП 2019 Претседателот на Кина го отвори Светското првенство

Претседателот на Кина го отвори Светското првенство

сподели
FIBA

На свечен начин, со церемонија која траеше повеќе од еден час и претставување на сите репрезентации учеснички, почна 18-тиот Мундобаскет на кој САД ќе ја бранат круната освоена пред пет години.

Првенството го отвори кинескиот претседател Кси Џингпинг, а меѓу останатите, на церемонијата присуствуваа и стариот и новиот претседател на ФИБА, Хорасио Мураторе и Хамане Нијанг.

FIBA

Трофејот што ќе му припадне на новиот светски првак го претстави претседателот на Кошаркарската асоцијација на Кина и глобален амбасадор на Мундијалот, Јао Минг кој на сцената влезе со осум деца, симболизирајќи ги осумте града во кои ќе се играат натпревари на овој шампионат: Пекинг, Вухан, Гвангжу, Фошан, Шангај, Нанџинг, Шенжен и Донгуан.

Светското првенство го отвораат Србија и Ангола со меѓусебниот натпревар, изутрина во 9:30 часот по средноевропско време.