ПОЧЕТНА Други репрезентации Пожртвувано и борбено, другото е судбина!

Пожртвувано и борбено, другото е судбина!

сподели
FIBA

Македонија го игра вториот натпревар на европското првенство во А дивизијата, за играчи до 16 години, што се одржува во италијанскиот град Удине. Следниот противник во групата Б, од 14:15 часот, ќе ни биде селекцијата на Израел.

Против оваа репрезентација која што претставува велесила во младинската кошарка затоа што има одлична програма за создавање на играчи, а патем и генетски код за борба и непокор, мора да истрчаме со трезвени глави и со енергијата на максимално ниво.

Израелците никогаш не се предаваат, но и Македонците знаат да играат и тоа каква кошарка, што се виде на мечот со Шпанија. Искуството и минутажата што нашите деца ги немаат во квалитетни лиги и натпреварувања, беа пресудни. Талентот и потенцијалот ги имаме, треба само да ги исканализираме.

Имавме солиден учинок во нападот, сите проценти на реализација ни беа слични со оние на Црвената фурија која што е уште една земја во редот на оние што се фабрики за кошаркари. Единствен проблем ни беше ударот за три поени, 2/23 но тоа е прашање на ден и може да се искомпензира.

Имавме 51 скок, наспроти 38 на Шпанците. Борбеноста ни е тука, дајте повторно да ја видиме. Сите останати наши параметри беа на конкурентно ниво за еден меч од А дивизијата, за селекцијата што заслужува да се натпреварува со најдобрите.

НАПРЕД МОМЧИЊА! НАПРЕД МАКЕДОНИЈА! СИТЕ СМЕ СО ВАС!