ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Позитивен играч на корона, во Работнички

Позитивен играч на корона, во Работнички

сподели
Дејмиер Питс

Нашата најтрофејна екипа, ја извести јавноста дека се појавил позитивен тест на пандемијата COVID-19, во редовите на тимот од Градски парк.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани граѓани,

Би сакале да ја информираме јавноста дека американскиот плејмејкер Демиер Питс, кој неодамна ја продолжи соработката со КК Работнички е позитивен на вирусот КОВИД -19.

Кај Питс е евидентиран позитивен тест, по направените редовни контролни тестирања од страна на раководството на КК Работнички. Тестирани се и останатите играчи, кадешто тестовите се негативни на вирусот КОВИД-19.

До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување, Американецот Демиер Питс останува во изолација.

Почитувајќи ги протоколите за работа и мерките од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, КК Работнички продолжува со редовна работа и одржување на тренизите со останатиот кошаркарски тим, за подготовка на домашните првенства и меѓународни натпреварувања.

Демјер Питс

Му посакуваме брзо опоравување на Демиер Питс и враќање во тимот со останатите соиграчи.

За сите дополнителни информации, навремено ќе ја информираме јавноста за состојбата на нашиот колега.

Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат мерките и да бидат индивидуално одговорни за заштита на колективното јавно здравје.“