ПОЧЕТНА СВЕТ Поздравете ги хероите!!!!!!!

Поздравете ги хероите!!!!!!!

сподели

Италијанските медицински лица се меѓу најзагрозените во битката на човештвото со пандемијата наречена коронавирус.

Фотографиите на Мартина Бенедети и Никола Згарби, дел од медицинскиот персонал што секојдневно е на првата линија, за многу кратко време стана вирален синоним за беспоштедната борба во обидот да се спаси видот.

„Не сакам да се фотографирам, но по 13 часа на одделението за интензивна нега, ја извадив маската. Не сум херој, само нормален човек. Ја сакам својата работа, сега повеќе од кога било. Горд сум што давам се од себе, заедно со сите колеги.“ – се зборовите на Згарби.

Медицинските лица се соочуваат со недостаток на заштитна опрема, со ненормални услови за работа, со ризик и тие да заболат.

Најдлабок наклон за сите што се борат со оваа опака болест, којзнае зошто, како и од каде дојдена меѓу невините луѓе.

„Капки пот по лицето, стопено лице под маската, пластични наочари, визир, капа, завиткани во водоотпорен мантил некогаш и по две величини поголем од нашата, пациент што мора да се интубира, два пара ракавици со кои не можеш да работиш ниту да ги движиш прстите, трчај, поти се, стигни на време…“ – напиша Бенедети.

Во овие тешки времиња, кога се уште не знаеме против што се бориме и како да се соочиме со истото, најмалку што може да сториме е да останеме дома, да ја ублажиме и лимитираме шансата да заболиме, а со тоа да доведеме во опасност многу други лица со кои секојдневно имаме контакт.

Сите кошаркарски лиги ширум светот се откажани, завршени или одложени. Некои прогласија шампиони, други нема, трети чекаат да довршат…