ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Поздрав од Бугарија и понуда за заедничка лига

Поздрав од Бугарија и понуда за заедничка лига

сподели

Претседателот на Кошаркарската федерација на Бугарија, Георги Глушков ја поддржа одлуката на КФСМ за прекин на домашното првенство како последица од корона вирусот.

Во исто време, во писмото до првиот човек на нашата Федерација, Перо Антиќ, тој испраќа покана за преговори за формирање заедничка кошаркарска лига на Македонија и Бугарија.

„Верувам дека таква иницијатива би била атрактивна за навивачите и медиумите и корисна за развојот и промоцијата на клубовите. Ако се испланираат добро системот на натпреварување и календарот, тие нема да влијаат на националните првенства на двете земји“, пишува, меѓу другото, Глушков.

Претходните 12 години македонски и бугарски клубови учествуваа во БИБЛ лигата, една сезона и во АБА, но тие се меѓународни натпреварувања во кои има(ше) и екипи од други држави.