ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Повторно нови играчи во Центар

Повторно нови играчи во Центар

сподели
Работнички е во обид да состави нова шампионска екипа, на чело со новиот тренер Димитар Мираковски.

Натрофејната екипа во македонската кошарка се засили со неколку нови имиња, во пресрет на новата сезона во која ќе ги напаѓа двете титули во домашните натпреварувања, но до скоро не можеше да регистрира странски кошаркари поради БАТ забраната од страна на ФИБА.

fiba.basketball

Проблемите, од финансиска природа, со некогашниот играч Дарко Чохадаревиќ се решени и Работнички повторно може да регистрира странски имиња. Со оглед на тоа дека главните актери, во претстојната сезона, во тимот од Дебар Маало ќе бидат интернационалци, ова и тоа колку му беше потребно и доаѓа во вистинско време.

Хејден Лесколт е адутот број 1, за враќање на приматот на домашната сцена (gunners.at).

Досега во Градски Парк слетаа американските кошаркари Хејден Лесколт, Крис Кокли и Двејн Бенџамин, односно српскиот со македонски пасош, Теодор Атанасов. Сезоната стартува на 5-ти октомври, а според ждрепката, 15-кратниот македонски шампион на премиерата ќе игра против новото име во првата лига на нашата земја, ФМП Академија.