ПОЧЕТНА НБА Поучните зборови на Дејвис: Зошто се откажав од дел од парите од...

Поучните зборови на Дејвис: Зошто се откажав од дел од парите од Лејкерс…

сподели

Довчерашниот кошаркар на Њу Орлеанс Пеликанс е една од ѕвездите на летниот преоден рок во НБА лигата бидејќи по седум сезони во Лујзијана одлучи да се пресели во Калифорнија.

Негов нов тим е Лос Анџелес Лејкерс каде со Леброн Џејмс и најверојатно уште една голема ѕвезда ќе треба да ја донесе шампионската титула која навивачите ја очекуваат од 2010 година. Ентони Дејвис придонесе да има доволно средства во буџетот за ангажирање уште еден екстра играч со тоа што се откажа од бонусот од четири милиони долари.

Чудно, но тоа е една од главните теми во САД последните денови и крилниот играч мораше да објасни зошто се одлучил за таков потег.

Нема да бидам голем кошаркар поради парите што сум ги заработил, туку поради она што сум го остварил на и надвор од терените“, објасни Дејвис.

Иако е веќе седум сезони во НБА лигата тој само два пати учествуваше во плеј-офот и одигра вкупно 13 натпревари. Поголем успех имаше со американската репрезентација со која триумфираше на Олимписките игри во Лондон 2012 и Светското првенство во Шпанија 2014 година.