ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Потегот на Нено во топ-3 на АЦБ лигата

(ВИДЕО) Потегот на Нено во топ-3 на АЦБ лигата

сподели
фото: КК Хувентуд

Низата индивидуални признанија од штотуку завршената сезона, Димитријевиќ ја заокружи со третото место на листата на најатрактивни потези во шпанскиот шампионат.

Се работи за дриблингот од дербито против Барселона, во 14-тото коло, кога го извади „од чорапи“ Малколм Дилејни и ја збудале цела Шпанија.

Во изборот на седумте најатрактивни потези, Димитријевиќ го освои третото место, пред него се само забивањето од линијата за слободни фрлања на Џордан Мики и уште едно забивање, на Џош Адамс преку Јанис Бурусис.

На оваа листа се најде и поранешниот играч на Карпош Соколи, сега член на Билбао, Џејлон Браун кој заврши на шестата позиција.