ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Постариот брат надмоќен…

Постариот брат надмоќен…

сподели
фото: МЗТ Скопје

Историскиот прв дуел на две екипи од ист клуб очекувано заврши со победа за поискусните кошаркари. МЗТ Скопје подобар од МЗТ 2 со 108:77 иако сениорите беа без Стојановски, Симоновски, Хиндс и Омот кои добија поштеда пред дербито со Борац Чачак во АБА 2.

Тоа е втора „стотка“ во кошот на дебитантот во елитната дивизија, но МЗТ 2 немаше среќа бидејќи во првите две кола играше со двете најсилни екипи во домашното првенство. Можеби повеќе среќа ќе имаат во третиот круг, против Вардар.