ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Последна опомена за КФСМ!

Последна опомена за КФСМ!

сподели

Асоцијацијата на кошаркарски играчи уште еднаш реагираше за статусот на професионалните кошаркари во земјава, во периодот на корона кризата.

Со писмо се обрати до раководството на Федерацијата од кое се бара да се преземат конкретни мерки. Соопштението на Асоцијацијата го пренесуваме во целост.

„По отпочнувањето на пандемијата со КОВИД-19, Асоцијација на кошаркарски играчи неколку пати побара средба со КФСМ, клубовите членки на Прва лига мажи како и до Здружението на Прва лига мажи со цел да дискутираме за сите аспекти од
оваа новонастаната ситуација која се рефлектираше врз процесот на тренирање и натпреварување, но и врз компензацијата на играчите.

Во пресрет на новата сезона испраќаме последен апел и бараме итно отворање на дијалог со цел да најдеме заедничко решение. Нашата Асоцијација со сите засегнати страни веќе сподели и предлог решение согласно препораките од Меѓународната Кошаркарска Федерација – ФИБА, а е поврзано со надоместокот на играчите, но сеуште другата страна останува незаинтересирана за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение.

Со таа цел го испраќаме овој апел кој е последен пред преземање на драстични мерки за заштита на правата на кошаркарските играчи.

Како што знаете ние кошаркарите, како и останатите спортисти, имаме многу пократок работен век од останатите професии, а истовремено нашите трошоци за работа се многу поголеми (имаме годишни договори за само 9 или 10 месеци, непокриено здравствено и пензиско осигурување, набавка на опрема и сумплементи, чести повреди и лекарски интервенции, покривање на трошоци за одржување во тренажен процес и во месеците на пандемијата, итн.).

Нема спорт без играчи!“