Американската репрезентација има максимални четири бода по првите две кола од Светското првенство, но дуелот со Турција донесе еден куриозитет што не е виден речиси три децении.
Последен пат САД победиле со еден поен разлика на Мундобаскетот што се одржа во Аргентина во 1990 година. Тогаш триумфираа против Австралија со 79:78 во второто коло од втората групна фаза. Оттогаш Американците доживеаја неколку порази, но никогаш не победиле со еден разлика.
Разликата е во тоа што до тоа Светско првенство, а потоа и во 1998 година, боите на американската репрезентација ги бранеа кошаркари што не играа во НБА лигата. Најчесто тоа беа играчи од колеџ-екипите, со некои исклучоци.
Сега за САД не играат најдобрите кошаркари, но сепак се тоа членови на НБА тимовите.