ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Портланд фаќа плеј-оф залет

(ВИДЕО) Портланд фаќа плеј-оф залет

сподели
slamonline.com

Портланд ја забележа втората победа во низа откако на гостински терен славеше над Хјустон со 107:117. Дејмиен Лилард го предводеше својот состав со 25 поени, 7 скока и 7 асистенции, додека 24 поени и 6 асистенции додаде СиЏеј МекКолум. На спротивната страна трипл-дабл учинок од 31 поен, 12 асистенции и 11 скока оствари Расел Вестбрук, додека 20 поени додаде Ерик Гордон.

По оваа победа Портланд останува на 10-то место на табелата во Западната конференција со скор 18/24, но само една победа зад осмо пласираниот Мемфис (19/22). За Хјустон ова е втор пораз во низа по кој остануваат на петтата позиција на табелата со скор 26/14, но Рокетс полека се оддалечуваат од првите четири позиции на табелата.