ПОЧЕТНА Други репрезентации Поразени и од Естонија, ќе играме за 13-то место

Поразени и од Естонија, ќе играме за 13-то место

сподели
fiba.basketball

Младинската селекција до 20 години забележа пораз и од селекцијата на Естонија со 84:67, во рамките на пласманот од 9-та до 16-та позиција на европскиот шампионат во Б дивизијата.

fiba.basketball

Најдобар поединец на мечот беше Славчо Темелковски со постигнати 14 поени и 9 скока. Оваа загубена средба, значи дека ќе играме за пласман на 13-та позиција, прво против селекцијата на Унгарија.

fiba.basketball

Подобрата репрезентација од нашиот дуел ќе игра против победникот од мечот Белорусија – Словачка, а поразените ќе играат за пласман на 15-та позиција на континенталното првенство.