ПОЧЕТНА Женска кошарка Пораз во Германија на стартот на квалификациите

Пораз во Германија на стартот на квалификациите

сподели
фото: kfsm.mk

Избраничките на Владимир Ѓоровиќ беа совладани од германската репрезентација, со убедливи 105:40 во првиот натпревар од новиот евроквалификациски циклус.

Во редовите на Македонија се истакнаа Стојановска со 16 поени и Трајчевска која постигна 15. Деловска имаше 5, Јоловиќ и Кметовска постигнаа по 2 поена.

Вториот натпревар од првиот прозорец, ќе го одиграме против Летонија, на 17-ти ноември од 19:00 часот во големата сала при СЦ „Јане Сандански“.