ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Поранешните кумановци го стресоа, но не го победија Куманово

Поранешните кумановци го стресоа, но не го победија Куманово

сподели

Пелистер беше блиску, но не успеа да го победи поранешниот вицешампион и финалист во Купот на Македонија. Куманово победи со 84:79 против екипата која има неколку негови поранешни играчи.

Од нив најмногу се истакна Адем Мекиќ кој постигна 23 поени и 7 скока, Пенов и Думиќ не се запишаа во листата на стрелците. Во домашната екипа повратникот Јанески постигна 26 поени, но Марјан Младановиќ го одбележа натпреварот во кој за малку не дојде до трипл-дабл.