ПОЧЕТНА Некатегоризирана Поранешниот шампион во шампионските дресови од седумдесеттите

Поранешниот шампион во шампионските дресови од седумдесеттите

сподели
фото: Blazers

На пет домашни натпревари во рамките на сезоната што следува, оваа франшиза ќе игра во боите и дезенот што потсеќаат на славната сезона 1976/77 кога беше освоена шампионската титула во најсилната кошаркарска лига на светот.

Со вертикален дизајн на името Блејзерс, кошаркарите на Портланд ќе ја прослават 50 годишнината во НБА лигата, а Бил Волтон кој играше на позицијата центар во таа генерација беше присутен на претставувањето на дресовите што враќаат силни емоции.