ПОЧЕТНА Некатегоризирана Поранешниот РУКИ НА ГОДИНАТА се соочува со две години затвор

Поранешниот РУКИ НА ГОДИНАТА се соочува со две години затвор

сподели
Fox News

Адвокатите што го застапуваат некогашниот НБА шампион, го молат судот да не го осуди на затворска казна спортскиот работник што ги намамувал колеџ играчите во разни финансиски шеми, што е забрането (колеџ играчите да „земаат“ пари од спонзори, донатори и менаџери) со закон во САД.

Според адвокатите, главната одбрана на Чак Персон пред федералниот суд во Менхетен, е неговото сиромашно потекло, милионите кои што дошле одеднаш во неговиот живот и лошите инвестициски потези во текот на неговата НБА и пост-НБА кариера.

Наводно, Персон примили мито од 91.500 американски долари, за насочување на колеџ играчите, претставувајќи се како финансиски советник. Пресудата се очекува на 9-ти јули (2019). Други тројца тренери вмешани во овј колеџ скандал, кои што се изјаснија виновни, добија затворско помилување.

Чак Персон беше руки на годината 1986, избран од Индијана, беше член на руки петорката на сезоната, играше во 5 НБА тима, како асистент тренер во ЛА Лејкерс освои шампионски прстен во 2010-та година.