ПОЧЕТНА ЕВРОПА Поранешен играч на Барселона, закана за Работнички и МЗТ

Поранешен играч на Барселона, закана за Работнички и МЗТ

сподели

Иако составот на екипите во претстојното издание на АБА 2 лигата не е како претходните две сезони, двата македонски претставника воопшто нема да имаат лесна задача.

Екипите од Србија и Црна Гора секогаш се меѓу фаворитите, така веројатно ќе биде и сега. Дебитантот во лигата, Слобода Ужице го договори поранешниот младински репрезентативец на Србија, Андрија Марјановиќ кој ја помина фамозната школа на Барселона.

Има 21 година, во младинските екипи на каталонскиот клуб играше од 2015 до 2017 година, а потоа се врати во татковината каде настапуваше за Мега Бемакс. Во 2018 година ја освои титулата во јуниорската Лига на шампионите, со Барса триумфираше во јуниорската Евролига, а со српската М18 репрезентација дојде до златото на Европското првенство во Словачка пред три години.

Слобода Ужице претстојната сезона ќе настапува со исклучително млад тим. Освен 33-годишниот Петар Мариќ, најголем дел од останатите кошаркари се на возраст од 18 до 22 години.