ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ФОТО) Поранешен играч на АЕК долета во Гостивар

(ФОТО) Поранешен играч на АЕК долета во Гостивар

сподели

Во завршниот дел од сезоната, ланскиот полуфиналист во плеј-офот и Купот ќе игра засилен и со четврти странец.

Нов член на Гостивар е американскиот интернационалец со косовско и со романско државјанство Малколм Армстед. Игра на плејмејкерската позиција, висок е 183 сантиметри, а во Гостивар доаѓа од косовскиот тим Пеја. Веќе седум години игра во Европа, бил член на Крка, а најпознат клуб во кој настапувал е поранешниот европски вицешампион АЕК.

Со него Гостивар ја исполни квотата од четворица странски кошаркари. Од почетокот на сезоната таму се Донован Доналдсон и Ѓорѓе Ѓелетовиќ, а неодамна дојде Ентони Ли кој уште не дебитирал за новиот клуб.