ПОЧЕТНА Европски лиги Поранешен европски шампион ќе му биде конкуренција на Димитријевиќ

Поранешен европски шампион ќе му биде конкуренција на Димитријевиќ

сподели
Chema Rey

Веднаш штом Реал Мадрид го официјализира трансферот на Никола Лапровитола, Хувентуд тргна по замена за него.

Шпанските медиуми тврдат дека изборот паднал на поранешниот грчки репрезентативец Николаос Зисис кој претходните четири години беше член на Бамберг. Искусниот плејмејкер има блескава кариера, освен што играше за гиганти како АЕК, Бенетон, ЦСКА, Монтепаски, Билбао, Уникс, Фенербахче и Бамберг, ги освои најважните трофеи на клупско и репрезентативно ниво.

Со грчката репрезентација во 2005 година стана европски шампион на првенството во Србија и Црна Гора, а со ЦСКА три години подоцна ја освои титулата во Евролигата.

Во Хувентуд ќе му биде конкуренција на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, но нашиот кошаркар ќе има можност од него многу да научи.