ПОЧЕТНА СВЕТ Поради Хјустон, Кина влезе во војна и со НБА

Поради Хјустон, Кина влезе во војна и со НБА

сподели

Кинеската државна телевизија ЦЦТВ го прекина пренесувањето на натпреварите од претсезоната во најсилната светска кошаркарска лига, а истото го направи и компанијата Тенцент.

Причина за овие постапки се изјавите на генералниот менаџер на Хјустон Рокитс, Дерил Мори кој им даде поддршка на граѓаните на Хонг Конг во борбата за самостојност. Кинезите се налутија, но и комесарот на НБА, Адам Силвер застана на страната на првиот оперативец на франшизата од Тексас.

„Мори има право слободно да ги изразува своите мисли“, изјави Силвер што е и нормално ако се има предвид дека генералниот менаџер на Рокетс тоа го напиша на својот личен профил на Твитер, а не како став на колективот.

Сепак, од ЦЦТВ не се согласни со тоа и слично како Кинеската кошаркарска лига побараа извинување.

„Ние сме категорично против кажаното од Адам Силвер и поддршката кон Мори за слободно изразување. Веруваме дека секое тврдење кое го оспорува националниот суверенитет и социјална стабилност не е поврзано со сферата на слободата на говор“, објавија од телевизијата.

По сето ова ЦЦТВ најави ревизија на договорот и соработката со НБА лигата, а евентуалниот раскин ќе биде тежок финансиски удар за кошаркарската организација.