ПОЧЕТНА СВЕТ ПОПОВИЌ ДО ТРАМП: Ти си импотентен!

ПОПОВИЌ ДО ТРАМП: Ти си импотентен!

сподели
Cuatro

На обвинувањата дека Стив Кер од Голден Стејт Вориорс и Грег Поповиќ не ги почитуваат САД и дека зборуваат лошо за својата матична земја, тренерот на Сан Антонио не остана покус и врати жестоко, во свој стил:

„Се што мислам за Адам Силвер, нашиот комесар на НБА лигата кој застана на наша страна и на страната на американските принципи, е спротивно со моето мислење за Претседателот на САД, Доналд Трамп.

Силвер е храбар и одлично се справи со инцидентот поврзан со Кина, а во споредба со него, првиот човек во Белата Куќа е бесмислен, импотентен и кукавица, особено кога стои покрај големите фугури од светската политика како првите луѓе на Саудиска Арабија, Северна Кореа, Русија или Турција.“