ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Полјаците ни вратија со камата

Полјаците ни вратија со камата

сподели
КФСМ

Македонската јуниорска репрезентација не успеа вторпат да слави во двомечот со Полска што се одигра во Скопје.

По триумфот на првиот меч, гостите победија во реваншот со 76:55, многу поубедливо отколку што тоа го направија нашите кошаркари. Овој дуел имаше многу сличности со првиот со тоа што сега Полјаците беа поефикасни, ги искористија своите шанси и дојдоа до победата.

Повторно доминираа во скок-играта (51:36), а погодија 13 тројки од 30 обиди. Да беа малку посигурни од линијата за слободни фрлања (5/15), нивниот триумф ќе беше уште поубедлив.

Повторно наш најдобар играч беше Виктор Исајлоски, единствен со двоцифрен број поени (11), плус четири скока и три украдени топки.

Јуниорската репрезентација на Македонија во следниот период ќе тренира во Скопје, до заминувањето за Црна Гора каде ќе одигра двомеч со домашната селекција. Планирани се уште неколку контролни дуели до Европското првенство Б-дивизија што од 26 јули до 4 август ќе се одржи во Орадеа, Романија.