ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Полесно е со Тре Јанг

(ВИДЕО) Полесно е со Тре Јанг

сподели
basketballinsiders.com

Атланта ја прекина серијата од четири порази во низа, со победата над Феникс со 123:110. Софморот се врати во составот на Хокс, па го предводеше својот тим со 36 поени, 10 асистенции и 4 скока. На спортивната страна, одличен шутерски ден имаше Девин Букер, кој заврши со 39 поени и 7 скока.

И покрај победата, Хокс остануваат на последното место на Истокот со скор 9/32, додека Санс сеуште имаат шанси за позиција што води во плеј-оф. Тимот од Аризона се наоѓа на 11-та позиција на Западот, со скор 16/24, три победи зад осмопласираниот Мемфис (19/22).