ПОЧЕТНА ЕВРОПА Полека, Каталонци… Ќе ја купите пола Европа!

Полека, Каталонци… Ќе ја купите пола Европа!

сподели
фото: FC Barcelona

Откако загубија во елиминациската фаза пред завршниот турнир во Евролига и во финалето на шпанската лига, односно останаа само со контроверзно освоениот Куп на Кралот во рацете, челниците на Барселона решија да создаваат екстра компетитивен тим за следната сезона.

Третото мега-засилување за каталонската гордост, е Брендон Дејвис од Жалгирис. Американскиот центар (27, 208) има НБА искуство (Филаделфија, Бруклин) и играше во неколку европски екипи (Елан Шалон, Варезе, Монако) пред епизодата во Литванија.

Барса официјално го претстави и Кори Хигинс, довчерашниот плејмејкер на ЦСКА Москва, а се шпекулира дека во Блауграна ќе слета и НБА засилувањето Никола Миротиќ, шпанскиот репрезентативец со црногорско потекло кој што минатата сезона играше за Милвоки Бакс.

Овие потези на раководството на втората најтрофејна шпанска кошаркарска екипа, потсеќаат на потезите на првиот човек на Кралскиот (фудбалски и кошаркарски) клуб, Флорентино Перез кој што е познат по „расипништвото“ кога станува збор за играчите, особено за фудбалерите.