ПОЧЕТНА НБА Пола сезона Дурант не комуницирал со соиграчите!

Пола сезона Дурант не комуницирал со соиграчите!

сподели
ClutchPoints

Речиси сите во Голден Стејт биле сигурни дека летово ќе заврши престојот во тимот на еден од најдобрите играчи во ростерот.

Американскиот новинар Крис Хејнс откри дека Кевин Дурант на половина од сезоната престанал да комуницира со соиграчите од причини кои не му се многу јасни.

„Ниеден соиграч не му беше близок освен Квин Кук кој доаѓа од истиот крај како Дурант. Но, тој е еден од помладите во екипата и не е многу важен дел од Вориорс.

Кога почна да се зборува дека Њујорк Никс го сакаат Дурант, во истиот период се случи оној инцидент со Дрејмонд Грин и оттогаш тој влегуваше и излегуваше од арената потполно сам, никогаш со никого не зборуваше“, открива Хејнс.

На крајот Дурант навистина го напушти Голден Стејт, но не замина во Никс, туку во Бруклин Нетс. Речиси сигурно нема да игра првата сезона поради тешката повреда на Ахиловата тетива.