ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Почна фестивалот на Сите Ѕвезди, Американците не го даваат домот

(ВИДЕО) Почна фестивалот на Сите Ѕвезди, Американците не го даваат домот

сподели
CBS Sports

Во првиот ден од продолжениот НБА Ол-Стар викенд, во Јунајтед Центар во Чикаго, тимот на САД го победи тимот на Светот со 151:131.

МВП беше Мајлс Бриџис од Шарлот Хорнетс и репрезентативец на американската репрезентација, кој имаше 20 поени, по 5 скока и асистенции и 3 украдени топки.

Кај „домашните“ уште се истакнаа Вилијамсон со 14 поени и Јанг 18 поени, 7 асистенции и 4 скока, а кај интернационалците Лука Дончиќ постигна 16 поени со 5 асистенции и 2 скока.

Освен на ревијата меѓу руки (1 сезона) и софомор (2 сезона) играчите, избрани од асистентите-тренери во НБА, Дончиќ и Јанг ќе играат и на главниот Ол-Стар меч.