ПОЧЕТНА Во позадина Почина легендата на Босна и рекордер на финалните натпревари во Евролигата

Почина легендата на Босна и рекордер на финалните натпревари во Евролигата

сподели

По долго боледување, славниот српски кошаркар Жарко Варајиќ го напушти овој свет на 67-годишна возраст.

Роден во Никшиќ во 1951 година, кариерата ја почна во Сутјеска, а најубавите моменти ги доживеа во Босна, од 1969 до 1981 и од 1982 до 1984 година. Со оваа екипа триумфираше во Евролигата (тогаш Куп на европски шампиони) во 1979 година како прв југословенски клуб кој успеал да ја освои титулата во ова натпреварување.

Во мечот за титулата против Варезе постигна 47 поени (тогаш немаше тројки) што и ден-денеска е рекорд кога станува збор за финалните натпревари во елитното натпреварување. Подоцна е направена анализа на неговите шутеви и е пресметано дека во денешни услови, тој би постигнал меѓу 56 и 58 поени. Со екипата на Босна, Варајиќ освои три титули во југословенското првенство и две во Купот.

За репрезентацијата на Југославија одигра 126 натпревари, беше дел од репрезентацијата што триумфираше на Европското првенство во Белгија во 1977 година, на Олимписките игри во Монтреал освои сребро, а на континенталниот шампионат во Италија бронза.

По завршувањето на играчката кариера беше спортски директор на машките репрезентативни селекции во Кошаркарскиот сојуз на Југославија, Србија и Црна Гора и Србија, потоа заменик Министер за спорт и носител на бројни награди и признанија за унапредување на спортот,