ПОЧЕТНА СВЕТ Почина Џери Слоун!

Почина Џери Слоун!

сподели
Pinterest

По долго боледување, на 78-годишна возраст, почина поранешниот тренер на Јута Џез, од најславните денови на оваа франшиза.

Според информациите од САД, на легендарниот стручњак му се влошила состојбата со Паркинсоновата болест, како и со деменцијата со која се бореше неколку години.

„Џери Слоун секогаш ќе биде синоним за Јута Џез, засекогаш ќе биде дел од оваа организација и ние во овие моменти сочувствуваме со неговото семејство, пријателите и фановите. Благодарни сме на се што даде за Јута Џез, за посветеноста, лојалноста и успесите“, напиша, меѓу другото, франшизата од Солт Лејк Сити.

Слоун беше тренер на Јута Џез од 1988 до 2011 година и го донесе тимот најблиску до шампионската титула во НБА лигата. Во 1997 и 1998 стигна до големото финале, но имаше несреќа, против себе да ги има Мајкл Џордан и Чикаго Булс.

Оствари низа рекорди, неприкосновен е во франшизата, a се наоѓа и на четвртото место на вечната листа во НБА лигата по бројот на победи со 1.221, зад Дон Нелсон, Лени Вилкенс и Грег Попович.