ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Победничката тројка на Дејвис, преку Јокиќ

(ВИДЕО) Победничката тројка на Дејвис, преку Јокиќ

сподели

Лејкерс поведоа со 2:0 во западното финале, по победата 105:103 против Нагетс, со кош во последната секунда од натпреварот. Поените ги постигна Ентони Дејвис, кој шутна преку Никола Јокиќ и погоди за триумф.

Дејвис имаше 31 поен, 22 во второто полувреме, а ги постигна и последните 10 за Лејкерс. Леброн Џејмс имаше 26 поени, со 11 скока. Јокиќ реализира 30 поени со 9 асистенции, Мари имаше 25 поени за поразените.