ПОЧЕТНА СП 2019 Победија пола кош, а селекторот зборува за плескање…

Победија пола кош, а селекторот зборува за плескање…

сподели
FIBA

Хрватскиот стручњак Александар Петровиќ доби жестоки критики од тренерот на Панатинаикос, Рик Питино за неговата изјава по натпреварот меѓу Бразил и Грција.

Селекторот на Бразил беше воодушевен од победата на „кариоките“ и во моменти на еуфорија изјави дека „МВП на НБА лигата беше исплескан од 39-годишниот Алекс Гарсија“.

„Бразил ја победи Грција со еден поен разлика, а селекторот тврди дека го исплескале еден од најдобрите играчи на планетата. Една од омилените работи во врска со Јанис Адетокумбо е тоа што тој никогаш не би изјавил вакво нешто“, изјави Питино.

Во исто време тој го предизвика кошаркарот на Милвоки Бакс да го извади најдоброто од себе против Нов Зеланд и да покаже колку вреди.