ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Победи за Гостивар и Академија

Победи за Гостивар и Академија

сподели

Гостивар убедливо го совлада дебитантот во прволигашката конкуренција, екипата на ТФТ од Скопје, со 102:80 (33:27, 23:17, 20:20, 38:16).

Тодоровиќ беше најдобар стрелец со 18, Мозли постигна 15, 14 поени имаше Ивица Димчевски, а по 10 поени постигнаа Костоски и Тасовски. Тај Херис имаше 20, поени за поразените.

Академија ФМП го совлада составот на Вардар, во натпреварот одигран во малата сала при СРЦ Кале која е домашен терен на црвено-црните, со резултат 91:86.