ПОЧЕТНА ЕВРОПА Победа си е победа, но потребни се уште корекции

Победа си е победа, но потребни се уште корекции

сподели
фото: МЗТ Скопје Аеродром, Роберт Спасовски

Аеродромци повторно го почувствуваа вкусот на триумфот во регионалните натпревари, по болниот пораз кај Борац, но неколку сегменти мора да се поправат, за периодот што следува.

Се влегува во поодмината фаза од натпреварувачката година, кога инструментите мора да се наштимаат за финишот, каде ќе се бараат титула и Куп во Македонија, односно АБА 1 на Јадранот.

Статистички гледано штрковите имаа одлична шутерска, но катастрофална дефанзивна вечер, иако резултатот против црногорската екипа Сутјеска (88:78) не го илустрира тоа прецизно.

Еве ја статистиката на двете екипи:

50.9/37.9% удар од поле
Добро е што функционира шутот од игра, без шут нема кошарка.

52/45.2% удар за 2 поена
Добро е што функционира ударот за два поена и што се движи над половина успешност.

50/31.4% удар за 3 поени
Одлично е што функционира ударот за два поена и што се движи над половина успешност.

68/56.7 удар за 1 поен
Лоша реализација за 1 поен, границата мора да биде околу 80% за една сериозна и шампионска екипа каква што е МЗТ Скопје.

30/21 дефанзивни со 5/12 офанзивни скокови
Катастрофална одбрана и многу дозволени повторни обиди на противникот, кои може многу лесно да го свртат резултатот.

22/13 асистенции
Расположена екипа и несебична тимска игра, е клуч за позитивен резултат.

5/7 украдени топки
Незначителна предност на гостите, но во мечеви со посилни противници каде се игра на една топка, овие бројки не смеат да изгледаат вака.

15/11 загубени топки
Повторно висок двоцифрен број загубени топки, што се повторува.

5/1 блокади
Своевидна компензација на дозволените офанзивни скокови и загубените топки, на која сепак не смее да се потпира играта.

26/16 фаули
Многу лични грешки на шут и во бонус, дури 30 слободни фрлања од кои гостите погодија само 17, што е уште еден среќен момент за аеродромци.