ПОЧЕТНА СП 2019 Победа на Американците за мирен пат кон Кина

Победа на Американците за мирен пат кон Кина

сподели
usab.com

Актуелниот светски шампион со триумф ги заврши подговотките за Мундијалот во Кина каде ќе се обиде да стане прва репрезентација која три пати по ред го освојувала златото.

Поиследен ривал на САД беше Канада која кошаркарите на Грег Попович ја совладаа со 84:68. Одбраната беше клучот на успехот, во првата четвртина противникот постигна само девет поени што беше добра основа за победата на овој меч.

Браун со 19 поени беше најефикасен на натпреварот, Мичел и Вокер постигнаа по 12, а Тарнер 10. Во канадската репрезентација Кајл Вилчер беше прв стрелец со 18 поени.

По овој натпревар, кој се одигра во Сиднеј, двете селекции заминуваат за Кина. Првите тренинзи на кинеско тло ќе ги имаат на 29 август, а стартните натпревари на првиот ден од септември. САД стартуваат со Чешка, а Канада со Австралија.