ПОЧЕТНА Други репрезентации Победа и пораз на вториот ден од Словенија Бол

Победа и пораз на вториот ден од Словенија Бол

сподели
фото: sloveniaball.com

Македонската репрезентација составена од играчи до 14 години го освои четвртото место во групната фаза од турнирот во Словенија.

По поразите од Црна Гора со 57:45 и Израел со 114:34, избраниците на Дарко Димитријевиќ ја совладаа Бугарија со 79:75 и потоа загубија од домаќинот со 61:87.

На натпреварот против Бугарија блесна Рубин Стефанов кој постигна 31 поен, а ефикасен натпревар одигра и Тео Војновиќ – 15 поени. Војновиќ беше прв стрелец на дуелот со Словенија со 18 поени, еден повеќе од Ристо Буклишев.

Следен противник на македонската репрезентација е Хрватска, в сабота од 12:15 часот. Тоа е прв дуел од борбата за пласман од петтото до осмото место. Полуфиналните двојки се Израел-Италија и Словенија-Полска.