ПОЧЕТНА Балкански лиги По пет години, Костов се врати во татковината!

По пет години, Костов се врати во татковината!

сподели

Најтрофејниот македонски клуб Работнички официјално остана без својот најдобар играч последните две сезони.

По долго размислување Чавдар Костов ја прифати одлуката на Левски Лукоил и кариерата ќе ја продолжи во софискиот клуб кој минатата натпреварувачка кампања не успеа да ја освои титулата во домашното првенство.

Во тимот на Работнички бугарскиот репрезентативец играше две години, освои по една трофеј во првенството и Купот, а од basketball.mk лани беше прогласен за МВП на сезоната. Тој е првото ново име во редовите на Левски Лукоил во летната селекција и со него Тити Папазов верува дека ќе го надополни она што го испушти.

Работнички се обиде да го задржи својот најдобар играч, последниот месец имаше контакт меѓу него и раководството на клубот поради што Костов ја пролонгира одлуката за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, но на крајот не беше најден заеднички јазик.

Костов се враќа во татковината по пауза од пет години, период во кој играше во Австрија (Гисинг Најтс), Грција (Кавала и Кимис) и Македонија (Работнички). Член на Левски Лукоил беше во сезоната 2012/13 што значи дека се враќа во еден од најтрофејниот бугарски клубови кој и лани беше заинтересиран за него.