ПОЧЕТНА ЕВРОПА По двата пораза, Жалгирис фаќа ритам

По двата пораза, Жалгирис фаќа ритам

сподели
euroleague.net

Најтрофејниот литвански тим влезе во победничка серија откако ги загуби првите два натпревара во Евролигата. Го победи АСВЕЛ со 70:56 и веќе е меѓу екипите во плеј-оф зоната.

Спротивна е ситуацијата за францускиот шампион, изненади во првите две кола, а доживеа пораз во следните две. Зек Ледеј со 13 поени и 8 скока беше најдобар поединец во тимот на Жалгирис. Кај АСВЕЛ единствен со двоцифрен ефект беше Тоње Џекири со 10 поени и 10 скока.