ПОЧЕТНА Други репрезентации По 16 години македонска кадетска репрезентација ќе игра на ЕП

По 16 години македонска кадетска репрезентација ќе игра на ЕП

сподели
фото: КФСМ

По настапите на младинската и јуниорската репрезентација на Б-Европските првенство, летото ќе го заокружат кадетите кои ќе учествуваат на континенталниот шампион од елитната конкуренција.

Собирот на најдобрите 16 селекции во оваа категорија ќе се одржи во Удине од 9 до 17 август, а нашата кадетска репрезентација ќе учествува во елитната дивизија првпат по 2003 година. Тоа е годината кога се родени голем дел од кошаркарите што сега ќе ги бранат боите на нашата држава.

На последниот настап, во Мадрид, Македонија го освои седмото место, но следната година ФИБА направи нов систем, воведе Б-дивизија во која ние паднавме поради неправилности при регистрирање млади кошаркари.

Оваа генерација кошаркари, родени 2003 и 2004 година доби бинго поради ланскиот одличен настап на нешто повозрасните колеги на Б-Европското првенство во Сараево. Од нив само еден е во актуелната репрезентација – Андреј Митревски. Во групата со нашата репрезентација е можеби првиот фаворит на шампионатот – Шпанија, потоа Израел и Летонија.

Системот на Европското првенство е таков што дури и со три порази во групата се оди во нокаут-фазата. Сите 16 репрезентации играат во осминафиналето, а најважни за опстанок се четвртиот и петтиот натпревар. Победа на нив гарантира уште една година учество во елитата.

Македонската кадетска репрезентација не оди со намера да се бори за опстанок, има шанса да го демонстрира својот квалитет пред широк аудиториум и треба да ја искористи. Првиот натпревар го играме од 14:15 часот, со него практично почнува Европското првенство, а противник ни е Шпанија.