ПОЧЕТНА ЕВРОПА Плејмејкерот на втората, беше избран и во првата декада од новиот милениум

Плејмејкерот на втората, беше избран и во првата декада од новиот милениум

сподели
euroleague.net

Организаторот на играта што ги одбележа првите 20 години од постоењето на елитното клупско натпреварување, доаѓа од Атина и е еден од најдобрите во историјата на овој спорт, што играат двонасочна кошарка.

Димитрис Дијамантидис ја помина целата евролигашка кариера во ПАО, заедно освоија три титули. Во 2011-та кога им ја донесе 6-та на детелинките, беше првиот и единствен со признанијата МВП и најдобар дефанзивец на сезоната.

euroleague.net

Во 2016-та се пенизонира и неговата 13-ка беше повлечена на таванот на ОАКА арената во грчката престолнина. Иако играше само 6 години во деценијата од 2010 до 2020, сепак неговите статистички бројки се „застрашувачки“.