ПОЧЕТНА СВЕТ Плејбој зајачици – тајното оружје на Булс против Џез!

Плејбој зајачици – тајното оружје на Булс против Џез!

сподели

Документарниот филм „Последниот танц“ на површина извади многу нешта од кариерата на Мајкл Џордан и шесте НБА трофеи на Чикаго Булс, но некои работи, намерно или не, останаа сокриени.

Нив ги открија други личности, некои беа дел од НБА во тој период, некои набљудувале отстрана. Антоан Кар беше член на Јута Џез во фамозните две финални серии, во 1997 и 1998 година и тој откри на кој начин раководството на Чикаго Булс се обидувало да ги извади од колосек противничките кошаркари.

„Луѓето во Чикаго постојано правеа нешто да не деконцентрираат. Ноќта пред првиот меч во Чикаго, во финалната серија во 1998 година, плејбој зајачици дојдоа пред нашите хотелски соби со торти во рацете. На себе имаа само мантили и кога влегоа во собите, ги соблекоа и ни посакаа добредојде во Чикаго.

Ни предложија ноќта да ја поминат со нас. Кај мене не успеаја, но имаше многу млади момчиња кои не сакаа да ја пропуштат шансата да бидат во друштво на убави девојки. Инаку, тортите беа прекрасни“, објасни Кар во интервју за ЕСПН.

Ако е ова точно, домаќинот или оној на кој му текнала идејата, тотално успеал во својата намера. Чикаго не само што победи на тој меч (трет од серијата), туку ја згази Јута со 96:54.