ПОЧЕТНА СВЕТ Филаделфија им се врати на победите, триумфи и за Детроит, Мајами, Индијана,...

Филаделфија им се врати на победите, триумфи и за Детроит, Мајами, Индијана, Торонто и Денвер

сподели
basketballsocietyonline.com

По два порази во низа, Филаделфија им се врати на победите со триумф над Бруклин со 117:106, a за тоа најзаслужен беше Тобајас Харис кој натпреварот го заврши со 34 поени и 10 скока. Благодарение на одличната шутерска вечер на победа се радуваше и Детроит кој славеше во Бостон со 103:116, додека Мајами стигна до втората позиција на табелата по победата над Сан Антонио со 106:100.

Индијана го доби гостувањето во Минесота со 99:104, додека Торонто го забележа 26-от триумф со победата над Оклахома со 121:130. Никола Јокиќ и Денвер славеа против Шарлот со 100:86.