ПОЧЕТНА СВЕТ Песимистички најави – НБА нема да продолжи!

Песимистички најави – НБА нема да продолжи!

сподели
nba.com

Екипите во најсилната светска кошаркарска лига се вратија на тренинзи по речиси четиримесечна пауза, а до планираното продолжување на сезоната остануваат 25 дена.

Сепак, корона вирусот во САД не стивнува поради што е се поголем песимизмот дека ќе се игра по објавениот распоред. На овие најави се надоврза и легендарниот Чарлс Баркли кој е мошне сигурен дека сезоната во НБА нема да продолжи.

„Нема да се игра, тоа е мое мислење. Секако дека тоа сите не боли бидејќи знам дека многу луѓе ќе останат без своите работни места, без бизнисите и дека проблемите ќе се нижат.

USA Today

Ова што се случува сега на Флорида е ужасно, а таму имаме 22 НБА екипи. Едноставно, не гледам дека може да се реши ситуацијата во догледно време, невозможно е“, смета Баркли.

Се поголем е бројот на екипи кои во своите редови имаат заразени со ковид 19. Комесарот Адам Силвер изјави дека ако има макар еден заразен, сезоната ќе биде откажана.