ПОЧЕТНА ЕВРОПА ПЕШИЌ: Не си одам!

ПЕШИЌ: Не си одам!

сподели
фото: FC Barcelona

Барселона го загуби финалето од Реал Мадрид (3:1) и остана со една титула сезонава, освоена во контроверзното финале во Купот на кралот против истиот противник.

Каталонската екипа не успеа да се пласира на ФФ во Евролига, но сепак, на тренерската позиција најверојатно нема да има смена.

„Имам понуда за уште две години. Да ја освоевме оваа титула, ќе размислев дали да останам. Но, сега, одиме на титулата и следната сезона.“ – рече Светислав Пешиќ, во телевизиското интервју веднаш по поразот во финалето.

Српскиот стратег ја препороди екипата на Барселона и ја врати на победничките патеки, откако неколку сезони наназад Каталонците имаа проблеми со консистентноста и со перформансот, на домашно тло и во Европа.