ПОЧЕТНА ЕВРОПА Пешиќ на Каталонците: Јас доаѓам од Југославија!

Пешиќ на Каталонците: Јас доаѓам од Југославија!

сподели

Тренерот на Барселона се осврна на актуелната политичка ситуација во Шпанија, поточно во провинцијата Каталонија каде неколку дека има жестоки протести.

За Светислав Пешиќ тоа не е нешто ново, а не е ново ниту за народите на Балканскиот полуостров.

„Јас доаѓам од Југославија, односно Србија, а таму вакви работи се случија пред повеќе од две децении. Се надевам дека емоциите можат да се изразат и без насилство, тоа е потребно во вакви моменти“, изјави искусниот стручњак.

Кошаркарскиот клуб Барселона засега ги игра своите натпревари според планот и покрај жестоките протести во градот, додека фудбалскиот мораше да го одложи својот меч против Реал Мадрид, закажан за 26-ти октомври.