ПОЧЕТНА ЕВРОПА (ВИДЕО) Пешиќ го трола Ивановиќ: Допри го сега пехарот зашто утре… којзнае

(ВИДЕО) Пешиќ го трола Ивановиќ: Допри го сега пехарот зашто утре… којзнае

сподели

Србин и Црногорец ќе водат каталонски и баскиски клуб во финалниот меч од плеј-офот во шпанското првенство.

Светислав Пешиќ или Душко Ивановиќ ќе го добие пехарот наменет за новиот првак. На ден пред финалето, двајцата искусни стручњаци се фотографираа со трофејот, а Пешиќ ја искористи можноста да го испровоцира и истрола својот противник.

„Допри го сега пехарот, зашто утре… којзнае“, му се обрати тој на Ивановиќ на перфектен каталонски јазик иако можеше тоа да го направи и на српски. Црногорецот само се насмеа.

Финалниот меч се игра утре во 20 часот во Валенсија која беше домаќин на цел завршен турнир од АЦБ лигата.