ПОЧЕТНА ЕВРОПА Перасовиќ и Басконија испуштија сензација во Барселона

Перасовиќ и Басконија испуштија сензација во Барселона

сподели
фото: Baskonia

Хрватскиот стратег и неговата екипа не успеаја да ја крунисаат со победа одличната претстава во Палау Блауграна, против фаворизираната и моќно засилена домашна екипа, која се уште го бара ритамот што го посакува.

ACB

Играчите на Светислав Пешиќ поголем дел до меччот беа во негатива, но не дозволуваа гостите да направат поголема разлика. Во регуларниот дел скорот беше 80:80, а по продолжението Каталонците трумфираа со 95:87.

фото: Barcelona

Никола Миротиќ имаше 22 поена за домаќините, Дилејни имаше 14, а Хигинс 10 поени, додека кај гостинската екипа имаше петмина двоцифени стрелци кои ги предводеше капитенот Шенгелија со 16 поени.