ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пелистер со Пенов комплетира силна петорка

Пелистер со Пенов комплетира силна петорка

сподели

Битолската екипа направи солидна постава за мечевите во нашето елитно друштво, доведувајќи го во своите редови искусниот некогашен репрезентативец на Македонија.

Игор Пенов ќе игра со новодојдениот Адем Мекиќ и со претходноангажираните Андреј Цветковски, Јетмир Зекири, Антон Казарновски и Филип Думиќ, кои имаат искуство од нашата најсилна лига.

Пенов (35, 202) играше во МЗТ, АМАК, Вардар О., Кожув, К. Соколи и Куманово, а сезонава требаше да настапува за АВ Охрид. Во кариерата има една титула (МЗТ, 2012) и три трофеи во Купот на РМ.