ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пелистер не застанува, се засили со српски интернационалец

Пелистер не застанува, се засили со српски интернационалец

сподели

Во два дена битолскиот прволигаш донесе двајца странски кошаркари во своите редови.

По Ахмад Старкс, во Пелистер дојде српскиот бек Владимир Враниќ, од екипата на Младост Вогошча од Босна и Херцеговина. Игра на позициите 2 и 3, по потреба и плејмејкер.

Претходната сезона одиграл 28 натпревари со просек од 9,7 поени и 0,6 асистенции. Тој е трет странски кошаркар во тимот на Пелистер чиј член е и Антон Казарновски.