ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пелистер ја чува Битола

Пелистер ја чува Битола

сподели
Големото засилување за битолчани, веќе ги дава резултатите.

Составот од вториот најголем град во Македонија не го дава домашниот терен, во дуелот со новиот прволигаш ФМП Академија победи со 92:77. Казарновски постигна 20 поени, а бековското дуо Мекиќ и Цветковски го следеше со 18 и 15.

Кај гостинската екипа, Херис имаше 33 поени и беше најдобар поединец за скопскиот тим. По три кола во новиот шампионат, Пелистер има 1/2, а Академија ФМП 0/3. Двата тима, ќе се борат за останување во нашата елита.